Факултетот за биотехнички науки е најстара високообразовна институција на универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола. Оваа институција е основана во 1960/1961 учебна година со решение на тогашниот Извршен совет на Народна Република Македонија. До 1999/2000 година работи како Виша земјоделска школа, кога прерасна во Факултет за биотехнички науки, како единствена образовна институција од областа на биотехничките науки во Република Македонија.
Факултетот за биотехнички науки досега едуцирал различни профили на стручни кадри: инженери за сточарско производство, инженери по биотехнологија, додека од академската година 1999/2000 и дипломирани инженери за преработка на анимални производи.
На факултетот за биотехнички науки постојат и се реализираат три акредитирани современи студиски програми за додипломски студии и една акредитирана студиска програма за постдипломски студии:
1. Студиски програми за додипломски студии:
• Преработка на анимални производи,
• Фармерско производство,
• Менаџмент во биотехниката.
2. Студиска програма за постдипломски студии:
• Квалитет и безбедност на храна од животинско потекло.
Почетна
Настани
РАСПОРЕД ПРЕРАБОТКА (01.04.2010)
Распоред за полагање испити во Априлската сесија - Преработка на анимални производи
ФУРАЖНО ПРОИЗВОДСТВО (12.04.2010)
РЕЗУЛТАТИ ПРВ КОЛОКВИУМ
ЗООХИГИЕНА ПОПРАВЕН (17.04.2010)
Резултати од поправниот колоквиум 1 по предметот ЗООХИГИЕНА И ЗДРАВЈЕ, одржан на ден 15.04.2010



