ФАКУЛТЕТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ - БИТОЛА

На 17, 18 и 19октомври 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се реализира втората посета на експертскиот тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети во рамките на процесот на спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Надворешната евалуција е единствена можност за добивање објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се`, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, комисиите за наставно-научни прашања и за соработка со универзитетите во земјата и странство на Универзитетот, истражувачи, докторанти и административен кадар од нашиот Универзитет, како и одвоени посети на Факултетот за биотехнички науки и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

The second visit of the team of experts form the Institutional evaluation program of the European University Association, within the frameworks of the process of conducting an external evaluation of the University is going to be realized in the period October 17 – 19, 2017.  

The external evaluation is a unique opportunity for gaining an objective evaluation of the University functioning by a prestigious, independent European organization. At the same time, the external evaluation is in function of the continuous development of UKLO, especially the system of quality assurance and improvement.

According to the agenda, the team of experts is going to have meetings with the University managing authorities, the committees on teaching and science and cooperation of the universities in the country and abroad, researchers, PhD candidates and UKLO administrative staff, as well as separate visits to the Faculty of Biotechnical Sciences and Faculty of Information and Communication Technologies. 

На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, Комисијата за самоевалуација на Универзитетот, студенти, надворешни чинители, како и одвоени посети на неколку единици на Универзитетот.

Втората посета на тимот е закажана во периодот од 16 до 19 октомври, 2017 година.

СТАТУТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА

ПРАВИЛНИК ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ КРЕДИТ ТРАНСФЕР СИСТЕМ И ПРЕМИНОТ ОД ЕДНА ВО ДРУГА СТУДИСКА ПРОГРАМА, ОДНОСНО ОД ЕДНА НА ДРУГА ЕДИНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ