Работна верзија на магистерскиот труд на кандидатот Игор Баловски

Ментор: проф.д-р Вангелица јовановска – vangelica.jovanovska@uklo.edu.mk

Членови:

Проф.д-р Гордана Димитровска – gordana.dimitorvska@uklo.edu.mk

проф.д-р елена јошевска – elena.josevska@uklo.edu.mk

 

Почитувани студенти на Втор циклус студии,

1. Во врска со престојната ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА која ќе започне од 22.06.2020 и ќе трае до 22.07.2020 согласно измените и дополнувањата на студенскиот календар на УКЛО, ве известуваме дека пријавувањето на испитите за истата, потребно е да се направи по електронски пат  преку iknow системот, во периодот од 01.06.2020 до 10.06.2020.

Запишаните студенти кои немаат електронско досие, пријавувањето потребно е да го направат преку испраќање на еmail за тоа кои испити ги пријавуваат до референтите за студенски прашања м-р Владе Козаровски kozarevskivlade@yahoo.com и Блажевска Елеонора eleonora.blazevska@uklo.edu.mk  

Плаќањето за испитната сесија може да се направи електронски на жиро сметка на Факултетот (1600108397 788 15) повикувачки број: 723012 42 Банка на примачот НБРМ 1000000000630 95 (со дознака: за полагање на испит, односно 500 ден по пријавен испит во редовна јунска сесија и 400 ден. за секој испит за ненавремено пријавување после утврдениот рок), а уплатниците ќе се донесат кога ќе се створат услови по Протокол или можат скенирани да се испратат на email.

Важна напомена: Студентите кои НЕМААТ РЕГУЛИРАНО УПЛАТА ЗА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР треба да се обратат по електронски пат до горенаведените референти по студенски прашања на Единицата и да си ги подмират сите финансиски задолженија.

           

– СИТЕ СТУДЕНТИ ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБРВСКАТА ДА ПЛАЌААТ АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА. 

 
Со почит, 
доц. д-р Весна Карапетковска – Христова
Раководител на Втор циклус студии
 

С О О П Ш Т Е Н И Е

ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ,

Со оглед на новонастаната состојба со Корона вирусот во нашата Држава, препораките и заклучоците на Владата на Р.С.Македонија и насоките од Ректорскиот колегиум, Ве известуваме за следното:

  • Деканот на Факултетот за биотехнички науки-Битола, донесе Одлука бр.02-248/1 од 18.03.2020 година, во однос на задолженијата на наставниците и соработниците на Факултетот за биотехнички науки за online настава.
  • НАСТАВАТА, ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ, КОНСУЛТАЦИИТЕ за студентите од I, II, III циклус на студии ќе продолжат редовно да се изведуваат во согласност со распоредот на Факултетот за летниот семестар со користење на алатките на Google (Google Meet, Google Classroom, Google Hangouts);
  • Секој наставник ќе може да комуницира со студентите по електронски пат преку официјалните email aдреси на наставниот и соработничкиот кадар кои Ви се достапни и објавени на web страната на Факултетот;
  • Наставниот материјал за наставните дисциплини ќе Ви биде достапен преку електронски пат (Moodle, Google Drive, Dropbox, email и друго) во договор со предметниот наставник.

ОСТАНЕТЕ ДОМА!

                                                                 ОД ДЕКАНАТОТ

                                     НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ   

С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на студентите на втор циклус на Факултетот за биотехнички науки-Битола, дека:  

Уписот на летниот семестар во академската 2019/2020 год.за студентите запишани на Втор циклус на студии за сите студиски програми ќе се врши од 02.03.2020 до 16.03.2020 година.

Студентите покрај  уписот на летниот семестар, задолжително да пополнат Анкетен лист за евалуација којшто ќе им биде на располагање во Службата за студентски прашања на Факултетот или кај Раководителот на Втор циклус студии доц. д-р Весна Карапетковска-Христова.

Студентите кои нема да се придржуваат кон предвидените рокови за запишување на семестар ќе платат надомест за ненавремен упис и заверка на семестар.

Раководител, 

доц. д-р Весна Карапетковска -Христова

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИ ЗА ФЕВРУАРСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 20.01.2020 ДО 31.01.2020 ГОДИНА.
ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТИ ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВА ПО ДОГОВОР СО ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР. ФЕВРУАРСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ПЕРИОД ОД 13.02.2020 – 28.02.2020 ГОДИНА. ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТИ ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВА ПО ДОГОВОР СО ПРОФЕСОРИТЕ ОД ПРЕДМЕТНАТА КОМИСИЈА. РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОЛАГАЊАТА ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НА ВЕБ СТРАНАТА ОД ФАКУЛТЕТОТ НАЈДОЦНА ДО 10 ДЕНА ОД ОДРЖУВАЊЕТО НА ИСПИТОТ.
 СООПШТЕНИЕ
 Се одобрува вонредна ноемвриска испитна сесија за студентите запишани на втор циклус студии на Факултетот за биотехнички науки-Битола, за академската 2019/2020 година.

На оние студенти кои го немаат обновено уписот за  академската 2019/2020 година, Службата за студентски прашања на Факултетот нема да им дозволи  пријавување на испити.

Студентите при пријавувањето на испитите должни се да уплатат по 1.000,оо денари, за секој пријавен испит, на жиро сметка на Факултетот (1600108397 788 15).Повикувачки број: 723012 42. Банка на примачот НБРМ 1000000000630 95 (со дознака: за полагање на испит).

Пријавувањето на испити ќе се врши кај советникот  по студентски прашања на Факултетот од 18.11 до 23.11. 2019 година;

Вонредната ноемвриска испитна сесија ќе биде во период од 25.11 до 13.12.2019 година.

За ненавремено пријавување на испити после утврдениот рок, студентите се должни да уплатат по 400 денари, за секој пријавен  испит, на горе споменатата ж.сметка на Факултетот.

С О О П Ш Т Е Н И Е

НА ДЕН 18.10.2019 ГОДИНА (ПЕТОК) СО ПОЧЕТОК ВО 12:00 ЧАСОТ, ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ- БИТОЛА, КАНДИДАТОТ БОРЧЕ ПЕТКОВСКИ, ЈАВНО ЌЕ ГО БРАНИ МАГИСТЕРСКИОТ ТРУД ПОД НАСЛОВ:„РЕГИСТРАЦИЈА И КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ОДГЛЕДУВАЛИШТА НА МОЛЗНИ ГРЛА СПОРЕД
РИЗИК СО УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СУРОВО МЛЕКО“,.

ДЕКАНАТСКА УПРАВА

НА ФАКУЛТЕТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ – БИТОЛА

Им се соопштува на студентите од втор циклус студии дека пријавувањето на испити за јунска испитна сесија ќе биди од 27.05 до 05.06.2019 година, а полагањето на испитите ќе биди по договор со предметниот професор.

Програма ERASMUS+

Академска 2019/2020

 

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2019 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

 

УКЛО објавува

 

ПОВИК

за мобилност во рамките на Е+ Програмата

KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

 

– мобилност на студенти за студирање

– мобилност на студенти за стажирање

– мобилност на академски кадар за настава

– мобилност на академски кадар за обука

 

Времетраење на мобилноста

 

  • Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)
  • Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци
  • Кадри – пет работни денови (со минимум осум часови настава)

 

За академската 2019/2020, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2019 до 30/09/2020.

 

Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 

  • редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот
  • академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/tabs/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e)

Важно: пред пријавување

  • Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.  

 

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивационо писмо

 

Потребни документи за пријавување на наставни кадри 

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен работен однос
  • CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот на факултетот: 10 јуни 2019 година.

Рок за доставување на апликациите до Канцеларијата за МС: 12 јуни 2019 година.

 

Сектор за настава, наука и меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

С О О П Ш Т Е Н И Е

На ден 10.04.2019 година (среда) со почеток во 13:00 часот, во просториите на Факултетот за биотехнички науки- Битола, кандидатот Маја Анѓелеска, јавно ќе го брани магистерскиот труд под наслов:„Општествениот маркетинг во функција на подобрување на исхраната и унапредување на здравјето на потрошувачите“.

Деканатска управа

на Факултет за биотехнички науки – Битола

Се известуваат студентите на втор циклус студии дека пријавувањето на испити за февруарската испитна сесија ќе биде од 21.01 до 25.01.2019 година, а полагањето на испитите ќе биде по договор со предметниот професор.

С О О П Ш Т Е Н И Е

На ден 21.11.2018 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Факултетот за биотехнички науки – Битола, кандидатот Мери Крстеска, јавно ќе го брани магистерскиот труд под наслов: ”Кланични и квалитативни показатели кај мисирки при различни концепти на исхрана”.

                                                             Деканатска управа

                                                          на Факултет за биотехнички    науки – Битола

13.11.2018 г.

Им се соопштува на студентите на втор циклус студии дека вонредната ноемвриска испитна сесија ќе биде во периодот од 05.11 до 30.11.2018 година (по договор со предметниот професор), а пријавувањето ќе биде од 30.10 до 02.11.2018 година и за секој пријавен испит ќе се уплаќа по 1000 денари на ж.сметката на факултетот.

Се известуваат студентите на втор циклус студии дека полагањето на испити во септемвриска испитна сесија ќе биде по договор со предметниот професор и за секој пријавен испит ќе треба да уплатат по 500 денари на ж.сметката на факултетот.

Им се соопштува на студентите на втор циклус студии дека уписот на зимски семестар ќе започне од 24.09.2018 година.

С О О П Ш Т Е Н И Е

На ден 21.09.2018 година (петок) со почеток во 13:00 часот, во просториите на Факултетот за биотехнички науки – Битола, кандидатот Владе Козаревски, јавно ќе го брани магистерскиот труд под наслов: ”Состојба и перспективи за развој на пчеларството во Република Македонија”.

                                                             Деканатскауправа

                                                          на Факултет за биотехнички    науки – Битола

14.09.2018 г.

С О О П Ш Т Е Н И Е

На ден 12.07.2018 година (четврток) со почеток во 10:00 часот, во просториите на Факултетот за биотехнички науки – Битола, кандидатот Игорче Чокузовски, јавно ќе го брани магистерскиот труд под наслов: “Воведување на методи за докажување на протеини и ензими во млеко”.

                                                             Деканатска управа

                                                          на Факултет за биотехнички    науки – Битола

06.07.2018 г.