Со цел реализација на праксата за академската 2018/2019 година, студентите од студиските програми Преработка на анимални производи, Технологија на анимални производи, Зоотехника и Агроменаџмент најдоцна до 19-06-2019 год. да се обратат кај Проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска, ментор за практична настава.  

Им се соопштува на студентите од студиската програма Квалитет и безбедност на храна дека праксата за академската 2018/2019 година ќе се реализира во 5 термини, во периодот од 24.06.2018 до 30.08.2019 година распоредена по групи. Секој од студентите праксата може да ја реализира во следните пет термини:

Од 24.06 до 05.07.2019

Од 08.07 до 19.07.2019

од 22.07 до 02.08.2019

од 05.08 до 16.08.2019

од 19.08 до 30.08.2019

За избор на термин, по договор со менторот за практична реализација.

За студентите од Битола пракса ќе се реализира во млекарите БиМилк, Идеал Шипка и Работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, додека пак за студентите од Прилеп праксата ќе се реализира во млекара Софија, месна индустрија Марфил и Работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Првата група ќе започни со пракса на 24.06.2019 година во 8 часот.

Студентите од другите градови пракса можат да реализираат во индустриски капацитети во својот град, со претходно потпишани договори за деловно – техничка соработка (договорите за деловно – техничка соработка можат да се подигнат од менторот за практична настава), како и во и Работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Лице за контакт во Идеал Шипка – Далибор Младеновски

Лице за контакт во БиМилк – Сашо Атанасов

Лице за контакт во Работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Одговорното лице во работната единица

 

Потребни документи за непречено реализирање на праксата:

–          Упатница за реализирање на практична настава (се подигнува од кај одговорниот ментор за студиската програма во периодот од 17.06 – 21.06.2019 од 12.30-14 часот)

–          Потврда за реализирана практична настава (на овој документ треба да има потпис и печат од одговорното лице каде се реализира праксата) (документ)

–          Дневник за активности од реализирана практична настава (на овој документ треба да има потпис и печат од одговорното лице каде се реализира праксата) (документ)

Упатницата за реализирање на практична настава се носи на првиот ден од праксата, додека пак Потврда за реализирана практична настава и Дневник за активности за реализирана практична настава потребно е да се однесат последниот ден од пракса каде одговорното лице става печат и потпис на документите. Покрај тоа, задолжително е носење на лабораториски мантил.

Сите документи се доставуваат за увид и потпис во индекс во месец септември, кај доц. д-р Билјана Трајковска (за овој термин дополнително ќе има соопштение). Праксата е задолжителна за секој редовен студент.

Ментор за практична настава:

Доц. д-р Билјана Трајковска (одговорна за студентите од студиската програма: Квалитет и безбедност на храна)

По барање на студентите испитот по предметот Биолошка безбедност на храната наместо на 13.06.2019 (четврток) во 10:00 часот ке се одржи на 20.06.2019 (четврток) во 08:30 часот во А2.
 
Предметен професор
Проф. д-р Мила Арапческа

Им се соопштува на студентите дека терминот по предметот Англиски јазик 2 за јунска испитна сесија ќе се одржи на 10.06.2019 година.

Конкурс за видео натпревар: „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?“

Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, во рамките на одбележувањето на Денот на Европска Соработка (ЕС 2019), организира конкурс за видео натпревар.

Учесниците се поканети да подготват кратко видео со користење на паметни телефони (максимално времетраење: 40 секунди), одговарајќи кратко на прашањето: “Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?” (Како Европа е во твоја корист), што е слоган на овогодишната кампања на Денот на Европската Соработка 2019.
 
Конкурсот е отворен за сите граѓани / жители од регионите на прекуграничната соработка (Република Грција и Република Северна Македонија), како и за сите средношколци и студент, а ќе трае до 30 јуни 2019 година.
 
Сите поднесени видео презентации откако првично ќе бидат проверени, ќе се дистрибуираат преку социјалните медиуми.
Жирито формирано од Програмата, ќе избере група финалисти, а победничкото видео ќе биде изгласано на денот на изложбата имено, на денот на одбележувањето на Европската Соработка која ќе се одржи во текот на месец Септември / Октомври, 2019 година.
Победничкото видео ќе добие награда / признание (паметен часовник).
Повеќе детали за натпреварот на веб страната на Програмата:

http://www.ipa-cbc-programme.eu/article/151_Video-Competition-%E2%80%9CWhy-EUROPE-IS-YOU?%E2%80%9D.—Be-smart-and-use-your-smartphone! и

на веб страната на Министерство за локална самоуправа (Националното тело на Програмата):

http://mls.gov.mk/en/information/public-announcements/1886-video-competition-%E2%80%9Cwhy-europe-is-you%E2%80%9D-be-smart-and-use-your-smartphone-interreg-ipa-cbc-programme-cci-2014-tc-16-i5cb-009

Програма ERASMUS+

Академска 2019/2020

 

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2019 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

 

УКЛО објавува

 

ПОВИК

за мобилност во рамките на Е+ Програмата

KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

 

– мобилност на студенти за студирање

– мобилност на студенти за стажирање

– мобилност на академски кадар за настава

– мобилност на академски кадар за обука

 

Времетраење на мобилноста

 

  • Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)
  • Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци
  • Кадри – пет работни денови (со минимум осум часови настава)

За академската 2019/2020, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2019 до 30/09/2020.

 

Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 

  • редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот
  • академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/tabs/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e)

Важно: пред пријавување

  • Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.  

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на наставни кадри 

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен работен однос
  • CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот на факултетот (Проф.д-р Николче Јанкуловски): 10 јуни 2019 година.

Рок за доставување на апликациите до Канцеларијата за МС: 12 јуни 2019 година.

 

Сектор за настава, наука и меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Им се соопштува на студентите дека пријавувањето на испитите за јунската испитна сесија ќе биде од 27.05 до 05.06.2019 година (за секој пријавен испит од непарен семестар треба да се уплати по 300 денари на ж.сметката на факултетот), а сесијата ќе трае од 10.06 до 01.07.2019 година.

Се известуваат студентите дека на ден 17.05.2019 година беа одржани избори за 11 членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за биотехнички науки-Битола.
За членови на Факултетското студентско собрание по редослед на освоени најголем број на гласови се избрани:
-Марија Рунчевска
-Андреј Стојкоски
-Љубица Трајкоска
-Сара Димеска
-Ангела Николовска
-Сара Долевска
-Стефан Ѓорѓиевски
-Марија Велјановска
-Александар Котевски
-Марија Здравеска
-Александра Талевска

Им се соопштува на студентите, вториот колокквиум по предметот процесна техника ќе се одржи на 21.05.2019 ( Вторник) во 8:30 часот.

На ден 14.05.2019 во 11.00 часот на Факултет за биотехнички науки – Битола, ќе се одржи предавање преку  Erasmus + програмата од страна на професори од Тракијски Универзитет, Стара Загора, Р. Бугарија на тема ” Нови технологии при вештачко осеменување на свињи “.

Се известуваат студентите дека испитите по предметите кај проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска закажани за 08.05.2019 година, се презакажуваат за 09.05.2019 година во 9 часот.

Им се соопштува на студентите дека поправниот колоквиум по предметот Процесна техника, кај професор д-р Вангелица Јовановска, ќе се одржи на ден 30.04.2019 година (вторник) од 08.30 часот.

                                                                                         Од предметниот професор

Им се соопштува на студентите и сите заинтересирани лица дека на ден 15.04.2019 година на Факултетот за биотехнички науки со почеток во 11:00 часот спортскиот консултат д-р Николче Костовски ќе одржи предавање за спортска исхрана кај спортисти и рекративци

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на вонредните студенти дека на Факултетот за биотехнички науки од


01.04.2019 до 04.04.2019 година ќе се одржат семинари за вонредните студенти од сите
студиските програми.


Вонредни студенти од прва година на студиските програми: Квалитет и безбедност на храна,
Технологија на анимални производи, Зоотехника и Агроменаџмент ќе имаат семинар на ден
01.04.2019 година (понеделник) од 10-13 часот во просториите на Факултетот. Вонредните
студенти да се јават кај соодветните професори за запишаните задолжителни и изборни
предмети од летен семестар од студиската програма.


Вонредни студенти од втора година на студиските програми: Квалитет и безбедност на храна,
Технологија на анимални производи, Зоотехника и Агроменаџмент ќе имаат семинар на ден
02.04.2019 година (вторник) од 10-13 часот во просториите на Факултетот. Вонредните студенти
да се јават кај соодветните професори за запишаните задолжителни и изборни предмети од летен семестар од студиската програма.


Вонредни студенти во трета година на студиските програми: Квалитет и безбедност на храна,
Преработка на анимални производи, Фармерско производство и Агроменаџмент ќе имаат
семинар на ден 03.03.2019 година (среда) од 10-13 часот во просториите на Факултетот.
Вонредните студенти да се јават кај соодветните професори за задолжителните и изборни
предмети од студиската програма.


Вонредни студенти од четврта година на студиските програми: Квалитет и безбедност на храна,
Преработка на анимални производи, Зоотехника и Агроменаџмент ќе имаат семинар на ден
04.03.2019 година (четврток) од 10-13 часот во просториите на Факултетот. Вонредните студенти
да се јават кај соодветните професори за задолжителните и изборни предмети од студиската
програма.


Вонредните студенти треба да уплатат по 1000 денари на на ж.с (1600108397-788-15), Примач
ФБН Битола повикувачки број 723012-42. Банка на примач НБРМ ж.с 1000000000630-95


Со уплатницата вонредните студенти треба најнапред да се јават во студентски
прашања за да им биде регулиран семинарот во индекс.

Факултет за биотехнички науки-Битола

Им се соопштува на студентите од прв циклус студии дека е продолжен рокот за пријавување на испити за вонредната априлска испитна сесија, до 03.04.2019 година.

СООПШТЕНИЕ

 Им се соопштува на студентите дека терминот за полагање на прв колоквиум по предметот Процесна техника, кај проф. д-р Вангелица Јовановска, ќе се одржи на ден 03.04.2019 година од 8:15 часот. 

СООПШТЕНИЕ

 Се одобрува вонредна априлска испитна сесија за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за биотехнички науки-Битола, за академската 2018/2019 година.

На оние студенти кои го немаат обновено уписот за  академска 2018/2019 година службата за студентски прашања на Факултетот нема да им дозволи  пријавување на испити.

 Студентите при пријавувањето на испитите должни се да уплатат по 700,00 денари (400 ден. за полагање во вонредна испитна сесија и 300 ден. за полагање по два или повеќе пати) за секој пријавен испит, на жиро сметка на Факултетот (1600108397 788 15).Повикувачки број: 723012 42.Банка на примачот НБРМ 1000000000630 95 (со дознака: за полагање на испит).

 Пријавувањето на испити ќе се врши кај советникот  по студентски прашања на Факултетот и по електронски пат од 25.03 до 29.03. 2019 година.

За ненавремено пријавување на испити после утврдениот рок, студентите се должни да уплатат по 400 денари, за секој пријавен  испит, на горе споменатата ж.сметка на Факултетот.

СООПШТЕНИЕ

 Се одобрува вонредна априлска испитна сесија за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за биотехнички науки-Битола, за академската 2018/2019 година.

На оние студенти кои го немаат обновено уписот за  академска 2018/2019 година службата за студентски прашања на Факултетот нема да им дозволи  пријавување на испити.

 Студентите при пријавувањето на испитите должни се да уплатат по 700,00 денари (400 ден. за полагање во вонредна испитна сесија и 300 ден. за полагање по два или повеќе пати) за секој пријавен испит, на жиро сметка на Факултетот (1600108397 788 15).Повикувачки број: 723012 42.Банка на примачот НБРМ 1000000000630 95 (со дознака: за полагање на испит).

 Пријавувањето на испити ќе се врши кај советникот  по студентски прашања на Факултетот и по електронски пат од 25.03 до 29.03. 2019 година.

За ненавремено пријавување на испити после утврдениот рок, студентите се должни да уплатат по 400 денари, за секој пријавен  испит, на горе споменатата ж.сметка на Факултетот.

Се известуваат студентите кои што во летниот семестар во академската 2018/2019 година го имаат запишано предметот микробиологија на храна односно микробиологија на анимални производи да се јават кај предметниот професор во терминот од предавања, согласно распоредот за настава.

                                                                                             проф.д-р Мила Араческа

На ФБН Битола, на ден 06.03.2019 година, од 12.15 часот, предавање на тема “Food-borne viral diseases”, 
ќе одржи проф. д-р Сарид Ронит, од Факултетот за природни науки при Универзитетот Бар Илан од Тел Авив, Израел.
Ги покануваме сите професори, студенти и други заинтересирани субјекти да присуствуваат на предавањето.

ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР И ПРЕДAВАЊА  ЗА СИТЕ ГОДИНИ И НАСОКИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ ЗАПОЧНУВААТ НА 15.02.2018 ГОДИНА СПОРЕД ОБЈАВЕНИОТ РАСПОРЕД НА ВЕБ СТРАНАТА И ОГЛАСНАТА ТАБЛА ЗА ФАКУЛТЕТОТ.

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Студентската организација при Универзитетот во Марибор, Словенија, од 01 до 10 јули, 2019, организира Меѓународна конфереција на тема „Предизвиците на младите во модерниот свет “ (Challenges of young people in modern world).

Повеќе информации за постапката за пријавување може да добиете на следниот линк www.scim.si

Стажирањето треба да е дел од студирањето на кандидатот.
Студенти од прва година на прв циклус студии не може да аплицираат. 
 
Кандидатите треба да си идентификуваат структура што ќе ги прифати надвор од нивната земја во која работниот јазик е француски и да добијат покана за прифаќање. 
 
Мобилноста покрива транспорт, месечен грант и здравствено осигурување.
 
За да се аплицира:
 
Да се консултира уредбата за стручно стажирање règlement des mobilités de stage professionnel.
 
Да се пополни on-line формуларот http://formulaires.auf.org/  во рубриката: Appels d’offres en cours – Mobilités de stage professionnel 2019 (Europe centrale et orientale).

Се известуваат студентите дека испитите по предметите кај проф. д-р Живко Јанкулоски закажани за 11.02.2019 година, по консултација со продеканот за настава се презакажуваат за 08.02.2019 година во 11.30 часот.

По барање на студентите испитите по предметите Биологија и Биохемија, наместо на датумите наведени во распоредот  за сесијата ке се одржат во следните термини:

Биологија на 13.02.2019 (среда) во 10:00 часот.

Биохемија на 31.01.2019 (четврток) во 10:00 часот.

                                                                                                                                                                                                                    Предметен професор

             16.01.2019                                                                                                                                                                                      Проф. д-р Мила Арапческа

Им се соопштува на сите студенти кои имаат право да полагаат втор колоквиум по предметот Микроструктурни анализи на храната, дека истиот ќе се одржи на 21.01.2019 (Понеделник) со почеток во 10 часот.

Им се соопштува на сите студенти кои имаат право да полагаат втор колоквиум по предметот АНАТОМИЈА СО ФИЗИОЛОГИЈА НА ДОМАШНИТЕ ЖИВОТНИ, дека истиот ќе се одржи на ден 17.01.2019 година (Четврток) со почеток во 10 часот.

Им се соопштува на сите студенти кои полагаат законска легислатива втор колоквиум, дека истиот ќе се одржи на ден 15ти Јануари 2019 со почеток во 11 часот.

Соопштение

Им се соопштува на студентите дека терминот за полагање на вториот колоквиум по предметот Техника и технологија на ладење и греење ќе биде на ден 16.01.2019 год. во 9.00 часот.

                                                                                                                                                                    Од предметниот професор 

Се известуваа студентите дека пријавувањето за февруарската испитна сесија ќе биде од 14.01 до 22.01.2019 година, а сесијата ќе трае од 28.01 до 14.02.2018 година.

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ВТОРА, ТРЕТА И ЧЕТВРТА ГОДИНА ОД СИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ, ДЕКА ИМ СЕ ОТВОРЕНИ НОВИ Е-МАИЛ АДРЕСИ ОД СТРАНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ КОИ ЌЕ ГИ КОРИСТАТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА И ЛОГИРАЊЕ НА iKNOW СИСТЕМОТ. СТУДЕНТИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГИ ПОДИГНАТ СВОИТЕ ЕЛЕКТОРНСКИ АДРЕСИ ВО ФАКУТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ НАЈДОЦНА ДО 28.12.2018 ГОДИНА.

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на вонредните студенти дека на Факултетот за биотехнички науки од 24-26 декември 2018 година ќе се одржат семинари за вонредните студенти од сите студиските програми.

Вонредни студенти од прва година на студиските програми: Квалитет и безбедност на храна, Технологија на анимални производи, Зоотехника и Агроменаџмент ќе имаат семинар на ден 24.12.2018 година од 10-13 часот во просториите на факултетот. Вонредните студенти да се јават кај соодветните професори за задолжителните и изборни предмети од студиската програма.

Вонредни студенти од втора година на студиските програми: Квалитет и безбедност на храна, Технологија на анимални производи, Зоотехника и Агроменаџмент ќе имаат семинар на ден 25.12.2018 година од 10-13 часот во просториите на факултетот. Вонредните студенти да се јават кај соодветните професори за задолжителните и изборни предмети од студиската програма.

Вонредни студенти во трета и четврта година на студиските програми: Квалитет и безбедност на храна, Преработка на анимални производи, Фармерско производство и Агроменаџмент ќе имаат семинар на ден 26.12.2018 година од 10-13 часот во просториите на факултетот. Вонредните студенти да се јават кај соодветните професори за задолжителните и изборни предмети од студиската програма.

Вонредните студенти треба да уплатат по 1000 денари на на ж.с (1600108397-788-15), Примач ФБН Битола повикувачки број 723012-42. Банка на примач НБРМ ж.с 1000000000630-95.

                                  Факултет за биотехнички науки-Битола

Почитувани,
 
на следниот линк е Повикот за изразување прелиминарен интерес за учество вомобилност во рамките на Е+ Програмата:
 
Заинтересираните студенти своите прелиминарни пријави да ги достават на следниот емаил  nikolce.jankulovski@uklo.edu.mk најдоцна до 20.01.2019 година.
 
Со почит,
Проф. д-р Николче Јанкуловски
продекан за меѓународна соработка и Еразмус координатор

Им се соопштува на студентите дека поправниот колоквиум по предметот Анатомија со физиологија на домашните животни ќе се одржи на 29.11.2018 година во 13 часот. 

Предметен наставник:

Проф. д-р Љупче Кочоски

Им се соопштува на студентите дека поправниот колоквиум по предметот Хигиена ќе се одржи на 29.11.2018 година во 13.00 часот. 

Предметен наставник:

Доц. д-р Билјана Трајковска

Им се соопштува на студентите кои ќе полагаат испит по предметот Техника и технологија на ладење и греење во номеврсиката сесија, дека истиот ќе се одржи  на ден 23.11.2018 година од 12.00 часот.

                                                                                                                                                                                                               Од предметниот професор

Им се соопштува на студентите дека термините за полагање на првиот колоквиум по предметот Хемија се следниве:

Прва група: 13.11.2018 година од 09.00 часот (Просторија А2)

Втора група: 13.11.2018 година од 10.00 часот (Просторија А2)

Линк од групите

Напомена: Студнетите кои ги нема на списокот можат да полагаат прв колоквиум во некој од понудените два термини

                                                                                                                                                                                   Асс. м-р Борче Макаријоск