УПИСОТ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОД.ЗА СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА СИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 01.10.2020 ДО 20.10.2020 ГОДИНА.
– СТУДЕНТИТЕ ПОКРАЈ УПИСОТ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПОПОЛНАТ АНКЕТЕН ЛИСТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА ШТО Е ПОСТАВЕН НА IKNOW.UKLO.EDU.MK
– СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕМА ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ КОН ПРЕДВИДЕНИТЕ РОКОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР ЌЕ ПЛАТАТ НАДОМЕСТ ЗА НЕНАВРЕМЕН УПИС И ЗАВЕРКА НА СЕМЕСТАР.
РАКОВОДИТЕЛ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ,
ПРОФ. Д-Р ВАНГЕЛИЦА ЈОВАНОВСКА
СООПШТЕНИЕ
На Факултетот за биотехнички науки-Битола на ден 24.09.2020 година ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов: „Испитување на контаминацијата на суровото млеко за добивање на безбедни млечни производи“ од кандидатот м-р Несим Сефери, со почеток во 12.00 часот во просториите на Факултетот.
Факултет за биотехнички науки-Битола
Почитувани студенти на трет циклус,
Отворена е анкетна сесија за оценување на студиските програми на коишто студирате и наставно-образовната дејност на наставниците и соработниците.
Ве молиме да ги пополните анкетните листови што ќе ви се појават при најава на вашите профили во iKnow системот, најдоцна до 15 септември, 2020. Вашето мислење за работата на единицата на којашто студирате е од посебно значење за забележување и детектирање на недостатоците, но и предностите на студиите од втор, односно трет циклус и се зема во предвид при донесувањето одлуки за унапредување на квалитетот на работа и подобрување на условите за студирање, како на ниво на единица, така и на Универзитетско ниво.
Ви благодариме за одвоеното време!
С О О П Ш Т Е Н И Е
ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ,
Со оглед на новонастаната состојба со Корона вирусот во нашата Држава, препораките и заклучоците на Владата на Р.С.Македонија и насоките од Ректорскиот колегиум, Ве известуваме за следното:
- Деканот на Факултетот за биотехнички науки-Битола, донесе Одлука бр.02-248/1 од 18.03.2020 година, во однос на задолженијата на наставниците и соработниците на Факултетот за биотехнички науки за online настава.
- НАСТАВАТА, ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ, КОНСУЛТАЦИИТЕ за студентите од I, II, III циклус на студии ќе продолжат редовно да се изведуваат во согласност со распоредот на Факултетот за летниот семестар со користење на алатките на Google (Google Meet, Google Classroom, Google Hangouts);
- Секој наставник ќе може да комуницира со студентите по електронски пат преку официјалните email aдреси на наставниот и соработничкиот кадар кои Ви се достапни и објавени на web страната на Факултетот;
- Наставниот материјал за наставните дисциплини ќе Ви биде достапен преку електронски пат (Moodle, Google Drive, Dropbox, email и друго) во договор со предметниот наставник.
ОСТАНЕТЕ ДОМА!
ОД ДЕКАНАТОТ
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ
СООПШТЕНИЕ
На Факултетот за биотехнички науки-Битола на ден 25.12.2019 година ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов: „Влијание на расата и начинот на исхрана врз квалитетот на јагнешкото месо во Косово“ од кандидатот м-р Џелал Лума, со почеток во 12.00 часот во просториите на Факултетот.
Факултет за биотехнички науки-Битола
На Факултетот за биотехнички науки-Битола на ден 05.07.2019 година ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов: „Испитување на индикаторите на ризик од аспект на безбедност на храната во домаќинствата во Република Македонија“ од кандидатот м-р Зоран Бардакоски, со почеток во 12.00 часот во просториите на Факултетот.
Факултет за биотехнички науки-Битола
На Факултетот за биотехнички науки-Битола на ден 15.03.2019 година ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов: „Оптимизирање на технолошките параметри за производство на македонско бело саламурено сирење“ од кандидатот м-р Борче Макаријоски, со почеток во 12.00 часот во просториите на Факултетот.
Факултет за биотехнички науки-Битола
Се известуваат студентите од трет циклус на студии дека испитите од февруарската испитна сесија ќе се одржат по договор со предметниот професор
КОНЕЧНА РАНГЛИСТА
на кандидати кои се примени на трет циклус – докторски студии во трите уписни рока воакадемската 2018/2019година на Факултетот за биотехнички науки-Битола на студиската програма Технологија и безбедност на прехранбени производи:
Ред.бр. | Презиме и име |
1. | Илиевски Методија |
Совет на докторски студии на
Факултетот за биотехнички науки – Битола
Прелиминарна листа
на Трет циклус – докторски студии во третиот уписен рок во академската 2018/2019 година на Факултетот за биотехнички науки – Битола на студиска програма Технологија и безбедност на прехранбени производи:
Ред.бр. | Презиме и име |
1. | Илиевски Методија |
Напомена: право на приговор до Деканската управа во рок од 24 часа од денот наобјавувањето на листата.
Битола Совет на докторски студии на
06.12.2018 Факултет за биотехнички науки – Битола
Листа на акредитирани ментори за трет циклус на студии во 2018/2019 година со број на слободни места на Студиската програма
Технологија и безбедност на прехранбени производи
Наставен кадар | Потврдени менторства | Слободни менторства | |
1. | Проф.д-р Живко Јанкуловски | 2 | 1 |
2. | Проф.д-р Стефче Пресилски | 3 | 0 |
3. | Проф.д-р Љупче Кочоски | 2 | 1 |
4. | Проф.д-р Џулијана Томовска | 2 | 1 |
5. | Проф.д-р Вангелица Јовановска | 1 | 2 |
6. | Проф.д-р Мила Арапческа | 0 | 3 |
Пензиониран кадар | Потврдени менторства | Слободни менторства | |
1. | Проф.д-р Трајче Дојчиновски | 2 | 1 |
2. | Проф.д-р Митре Стојановски | 3 | 0 |
Им се соопштува на студентите од трет циклус студии дека пријавувањето на испити за вонредната ноемвриска испитна сесија ќе биде во период од 16.11 до 23.11.2018 година, а одржувањето на испитите во договор со предметниот професор. За секој пријавен испит студентите на трет циклус студии ќе треба да уплатат по 1.000 денари на ж.сметката на факултетот.